Данецот Брајан Приске е нов тренер на холандскиот гигант Феенорд

Холандскиот фудбалски гигант, Феенорд, објави дека нов тренер на тимот ќе биде Данецот Брајан Приске. 47-годишниот стратег досега беше предводник на Спарта Прага, а ова за него ќе биде прв предизвик во холандското првенство. 

Приске претходно беше тренер на Мидтјиланд, Копенхаген и Антверпен, а навивачите на Феенорд се надеваат дека управата го направила вистинскиот избор и очекуваат враќање на тронот кој сезонава го освои ПСВ Ајндховен

Приске седнува на клупата и го менува Арне Слот, кој пред две сезони ја донесе титулата во Феенорд, а летово го презема Ливерпул и го замени легендарниот Јирген Клоп