Данец седнува на клупата на Баер Леверкузен

Баер Леверкузен наскоро ќе го претстави новиот тренер, а неговото име е Каспер Хјулманд, Наследникот на Тен Хаг е дански фудбалски тренер роден во 1972 година, а во Леверкузен пристигнува по една година без ангажман. Негова последна тренерска работа беше на клупата на данската репрезентација, која за четири години ја водеше на 52 натпревари. 

Многу рано ја заврши својата играчка кариера поради повреди, па брзо се префрли на тренерската работа. Работел во Данска, со Лингби и Нордсјеланд, а со вториот клуб го освои данското првенство во 2012 година.

Кратко го водеше и германски Мајнц 05, но не остана таму долго. Најголемиот успех во кариерата го постигна како селектор на Данска, каде што ја презеде репрезентацијата во 2020 година и ја водеше до полуфиналето на Европското првенство во 2021 година, што беше еден од најдобрите резултати во историјата на данската репрезентација. Тој е познат по својот напаѓачки и модерен пристап кон фудбалот и неговиот акцент на тимскиот дух. 

Хјулманд на клупата на Баер Леверкузен ќе седне како заменик на Ерик Тен Хаг, кој доби отказ по само две кола во Бундеслигата. 

ФОТО: UEFA