Дански фудбалер едвај преживеа откако врз него било пукано од огнено оружје

Минатото лето битолски Пелистер играше против Лех Познањ во рамките на квалификациите на Лига Европа и беше елиминиран со два порази. Тогаш нападот, на екипата која ја водеше Ненад Бјелица, го предводеше данскиот фудбалер Ники Биле Нилсен.

Пред неколку дена во Копенхаген, овој фудбалер едвај преживеа откако врз него било пукано со огнено оружје, пренесоа сите скандинавски медиуми. 30-годишниот фудбалер, наводно бил вон животна опасност, но тешко веројатно дека ќе може да ја продолжи својата фудбалка кариера.  

Нилсен оваа есен го носеше дресот на дански Лингби, а во кариерата играше и за Виљареал, Елче, Рајо Ваљекано, Росенборг, Евиан, Есбјерг, Паниониос и Лех Познањ.

За репрезентацијата на Данска собра три настапи и постигна еден гол. Веднаш по инцидентот, данската полиција уапси две лица, кои се осомничени за обидот за убиство на фудбалерот.