• Редакција Gol.mk

На повидок е уште еден голем трансфер на македонски интернационалец во шкотската Премиер лига. Имено, по одличните две сезони на Бојан Миовски во Абердин, уште еден наш напаѓач се наоѓа пред потпис во шампионатот на Шкотска.
Кристијан Трапановски, чиј договор со Шкупи заврши на крајот од сезоната 2023/24, се наоѓа пред потпис со Данди Јунајтед, дознава Gol.mk. Брзоногиот напаѓач е избраниот на менаџерот на Данди Јунајтед, Џим Гудвин, и во тек се завршните преговори за финализација на трансферот. 24-годишниот Трапановски надвор од напшите граници играше во Чешка и Словачка, а во ПМФЛ го носеше дресот на Академија Пандев и Шкупи.
Во сезоната која штотуку заврши Трапановски одигра 23 натпревари и запиша шест гола и шест асистенции.
Данди Јунајтед еднаш беше шампион на Шкотска, двапати го освои Купот на Шкотска, а играше и финале на Купот на УЕФА во сезоната 1986/87.