Данците лудувале со вработени од хотел, федерацијата отвори истрага

Данска

Данска е репрезентацијата која одигра најдобри квалификации за Мундијалот. Полуфиналистот на Европското првенство 2020 победи на сите осум меча, постигнувајќи 27 и не примајќи ниту еден погодок.

Сепак, данската фудбалска федерација има причина за незадоволство. Тамошните медиуми пренесуваат забава на репрезентативците и тоа со неколку вработени девојки во хотелот во кој престојувала селекцијата, пред гостувањето кај Молдавија.

Сопственикот на хотелот казнил две лица поради овој несакан настан, кој доби осуда во данската јавност. Идентитетот на фудбалерите кои биле дел од забавата останува непознат.

Забавата не влијаеше на играта на Данска, која ја декласира молдавската репрезентација, а потоа преку Австрија го обезбеди пласманот на Мундијалот.

Состави

Roberto Bordin

4-3-3

    Kasper Hjulmand

    3-4-3