Данците ги вратија ѕвездите за отворањето на Лигата на нации

Данска

Фудбалската репрезентација на Данска во најсилен состав ќе го дочека стартот на Лигата на нации.

Лошиот однос помеѓу најдобрите фудбалери на земјата и фудбалскиот сојуз донесе проблеми на пријателската средба против Словачка. На истата настапија играчи од пониските лиги како и футсал репрезентативци, поради штрајкот на Ериксен и останатите членови.

Сојузот откри дека сите несогласувања со ѕвездите се минато и дека е постигнат договор околу нивната заработка од спонзорски договори.

УЕФА и се закани на Данска со исфрлување од Лигата на нации, како и од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Првиот меч Данците го играа утре против Велс предводен од одличниот Герет Бејл.

УЕФА Лига на нации, Лига Б, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 4 2 2 0 4:1 3 8
2 ВелсВелс 4 2 0 2 6:5 1 6
3 ИрскаИрска 4 0 2 2 1:5 -4 2