• Саше Љолес

Македонскиот фудбалски второлигаш, ГФК Охрид Лихнидос, доведе старо-ново засилување во своите редови, а тоа е 24-годишниот голман Дамјан Серафимов, кој минатата сезона ги бранеше боите на штипска Брегалница.
Серафимов порано го носеше дресот на Охрид и беше капитен на тимот, а исто така настапуваше за Кадино и Македонија ЃП. Охриѓани најавуваат големи амбиции за следната сезона и посакуваат влез во Првата македонска лига.
Клубот кој доаѓа од нашиот најголем туристички бисер најави нови засилувања кои ќе бидат објавени деновиве.