• Мартин Танасковски
Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа втор пораз во квалификациите за Светското првенство (СП), повторно од Унгарија, овој пат на гостински терен (0-7).
Првиот меч во Битола заврши со пет гола во нашата мрежа, вториот пораз беше поубедлив со седум постигнати погодоци на ривалот.
Голеадата започна во 21. минута кога Мајер го отвори резултатот, а потоа во 35. минута Панева си постигна автогол за 0-2. Во вториот дел Мајер постигна уште еден гол, а стрелци за Унгарките беа и Папаи, Кајан, Наѓ и Савања.
Македонија го заврши мечот без шут во голот на ривалот. Нашиот национален тим следниот меч го игра против Андора на 5 јуни на гостински терен.



