• Мартин Танасковски
Шампионите ширум Европа во женска конкуренција со титулата играат во квалификациите за Лигата на шампионите, а оваа година УЕФА има новитет, според кој екипите кои ќе испаднат од елитата, ќе добијат нова европска шанса.
По одиграните натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите, дури и ако се испадне, европскиот пат не завршува во тој момент што беше случај претходно. Испаднатите од квалификациите за ЛШ одат во ново натпреварување.
Се работи за формираниот УЕФА Европа Куп за жени, кој ќе даде уште најмалку два европски натпревари, еден на домашен, еден на гостински терен.
Овој формат ќе биде голем предизвик за екипите, а ќе помогне и за развој на женскиот фудбал ширум Европа и подобри УЕФА коефициенти.