• Редакција Gol.mk

Полека се наѕираат клубовите кои во новата второлигашка сезона ќе се борат за директна промоција и плеј-оф места за пополнување на следното издание на Првата лига. Еден од фаворитите од сенка треба да биде Кожуф од Гевгелкја.
Кожуф се засили со Филип Дамевски и Михаил Танчев, двајца млади и талентирани фудбалери.
Дaмевски е 18-годишен фудбалер кој доаѓа од младинските категории на Вардар, а Танчев, кој исто така има 18 години, пристигнува во Гевгелија од Раднички Ниш од Србија, а потекува од академијата на скопски Вардар.
Во првото коло од новата сезона гевгеличани на 23 август гостуваат во Штип против Брегалница.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.







