ФОТО: Дамчевски на проба во Јагјелонија, актуелниoт лидер во Полска

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Александар Дамчевски од денес, па во наредните неколку дена ќе биде на проба во редовите на актуелниот лидер на полската Екстракласа, тимот на Јагјелонија.

Дамчевски, кој минатата сезона настапуваше во Казахстан во редовите на Атирау, денес заедно со Тунижанецот Смаин Кхоали се појави на првиот тренинг во новата година на Јагјелонија и ќе тренира со клубот до 15 јануари, кога е предвидено заминување за Турција.

Токму до споменатата дата стручниот штаб на чело со првиот тренер Михал Пробиерз ќе одлучи дали на Дамчевски ќе му биде понуден перманентен договор.