• Зоран Мишевски
Шпанците ја добија пенал драмата против Хрватска и се радуваат на трофејот од Лигата на нации. Лука Модриќ остана без трофеј со својата селекција, а беше многу блиску.
По поразот во пенал-рулетот, во кој се шутираа дури дванаесет казнени удари, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ не го криеше видното разочарување.
„Им честитам на Шпанците за освојувањето на Лигата на нации и морам да им честитам на моите играчи за одличниот натпревар и борба. Морам да им се заблагодарам и на навивачите, ова беше нешто огромно. Добивме голема поддршка на голем натпревар, но на крајот не успеавме да победиме на пенали како што успевавме често досега.
Загубивме, но мораме да бидеме горди на она што го направивме.е. Така е, некогаш губиш, некогаш победуваш. Можеби ни недостасуваше поголема конкретност во нападот, не бевме опасни, но ниту тие не покажаа којзнае што. Нам ни беше потешко да играме од нив по дуелот со Холандија и тие 120 минути“, заврши Далиќ.
Ова е последно издание од Лигата на нации во овој формат, а од следното четврто издание ќе биде изменета нокаут-фазата, во која ќе биде вклучена и четвртфинална фаза.