Далиќ: Овој пресврт може да го направат само големи селекции!

Хрватска вечерва ја совлада Канада со 4-1, во натпреварот од второто коло од групата Ф на Светското првенство. Со овие три бода светските вицешампиони направија голем чекор кон нокаут фазата. Селекторот Златко Далиќ ги наполни со комплименти своите фудбалери, посебно за карактерот и реакцијата по примениот гол.

„Им честитам на играчите за одличната игра бидејќи беше многу тешко и опасно на почетокот. Примивме гол, Канаѓаните добија уште повеќе енергија и пукаат од енергија, па затоа втор примен гол ќе беше крајно опасен.

Успеавме да ги смириме, се вративме и тоа го можат само големи селекции. Тоа може да го направат тимови кои дишат заедно, кои се полни со мотивација, верба и решителност. Токму тоа е Хрватска и затоа сум многу среќен.

Сепак, ништо не решивме со оваа победа. Направивме мал чекор, но сега ни следи Белгија. За нив тој натпревар, како и за нас е последна шанса за осминафинале. Ќе бидеме мирни и, иако имаме бод повеќе од нив, мора да бараме победа“, изјави Далиќ. 

Селекторот на Хрватска потоа се осврна на неколку поединци во победата против Канада.

„Се договоривме Крамариќ и Перишиќ да стојат пошироко за да се отвори простор за Ковачиќ и Модриќ. И секој може да каже што сака, но тоа е најдобриот среден ред, како што секогаш сум велел. Крамариќ? Откако јас сум селектор, тој секогаш го даваше тоа што го очекувам од него. Секоја чест за Андреј“, заврши Далиќ.

Постојат опции дури и со пораз Хрватска да се квалигфикува во осминафиналето, но доколку не загуби сигурно ќе игра во следната рунда. Победа може да значи и прво место во групата, во зависност од исходот на натпреварот Мароко – Канада.

Состави

Златко Далиќ

4-1-4-1

    Џон Хердман

    3-4-3