• Иван Димовски

Златко Далиќ го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите на Хрватска во октомврискиот прозорец квалификации за Европското првенство.
На него, по паузата се враќа Марко Ливаја кој поради скандал не беше дел од тимот во септември. Тој беше отстранет од тимот откако за време на еден тренинг сакаше физички да се пресмета со навивачи кои го навредуваа. Покрај него, повратник е и Јосип Брекало, а од тимот изостанаа Перишиќ, Оршиќ, а под знак прашалник е Иваушец.
- Список на повикани фудбалери на Хрватска:
The road to #EURO2024 continues in October, and these players will defend #Croatia colours against Turkey and Wales! #Family #Vatreni pic.twitter.com/SAkqxsazoc
— HNS (@HNS_CFF) September 25, 2023
Хрватите на 12 октомври ќе ја дочекаат селекцијата на Турција во еден од најважните дуели во циклусот. Три дена подоцна „коцкестите“ му гостуваат на Велс во Кардиф.