Далиќ објави поширок список на Хрватска за завршниот турнир во ЛН

Фудбалската репрезентација на Хрватска ќе се судри со Холандија на завршниот турнир во Лигата на нациите кој се игра во Ротердам. Освен „коцкестите“ и „лалињата“ на турнирот силите ќе ги одмерат уште Италија и Шпанија

Бидејќи полека се ближат термините, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го објави поширокиот список на фудбалери, од кој подоцна ќе одбере 23 имиња за Ротердам. Мало изненадување е изоставувањето на Мислав Оршиќ, кој не се пронајде во Саутемптон, па тој доби само претповик, односно е на резервната листа. 

  • Повикани фудбалери на поширокиот список на Хрватска: 

Голмани: Доминик Ливаковиќ (Динамо), Ивица Ивушиќ (Пафос), Недиљко Лабровиќ (Риjека)

Одбрана: Јосип Јурановиќ (Унион Берлин), Домагој Вида (АЕК), Јошко Гвардиол (РБ Лајпциг), Јосип Шутало (Динамо), Мартин Ерлиќ (Сасуоло), Борна Соса (Штутгарт), Борна Баришиќ (Ренџерс), Јосип Станишиќ (Баерн)

Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Марцело Брозовиќ (Интер), Матео Ковачиќ (Челзи), Ловро Мајер (Рен), Никола Влашиќ (Торино), Марио Пашалиќ (Аталанта), Лука Иванушец (Динамо)

Напад: Иван Перишиќ (Тотенхем), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Марко Ливаја (Хајдук), Бруно Петковиќ (Динамо), Петар Муса (Бенфика), Дион Дрена Бељо (Аугсбург)

Освен Оршиќ на резервниот список се уште Јосип Брекало (Фиорентина), Дује Чалета Цар (Саутемптон), Филип Уремовиќ (Херта), Иво Грбиќ (Атлетико Мадрид), Никола Моро (Болоња) и Матија Фриган (Ријека).

Подготовките на Хрватите ќе започнат за две седмици во Ријека, по што Далиќ ќе селектира и ќе одбере фудбалери за „фајнал-фор“ турнирот.