Далиќ: Им реков – вие сте НЕНОРМАЛНИ! Ако БОГ сака, ќе бидете светски прваци

Хрватска за првпат во историјата ќе игра финале на Светските првенства, откако преку пресврт ја спушти на земја фаворизираната Англија и закажа финале против шампионот од пред 20 години, Франција

По историскиот меч, славјето на Хрватите им немаше крај, а селекторот Златко Далиќ откри што им рече на своите фудбалери по историскиот пресврт против Англија. 

„Што да кажам друго. Честитки до моите момци, морам да кажам дека не се нормални. Ова е фантазија, нешто невозможно, како трчаа, како се бореа. Ова е за историја. Им благодарам на навивачите. Сè уште не сме го кажале последниот збор. Ако сака БОГ ќе бидеме светски прваци“, вели Далиќ. 

Големото финале на Мундијалот во Русија е закажано за в недела од 17.00 часот, а ден претходно Белгија и Англија ќе го играат мечот за третото место.