• Зоран Мишевски
Иако одиграа храбро и организирано, хрватските репрезентативци по изведувањето на пенали загубија од Франција и нема да играат во полуфиналето на Лигата на нации.
Во првиот натпревар хрватската репрезентација победи со резултат 2-0. Головите ги постигнаа напаѓачот Анте Будимир и играчот од средниот ред Иван Перишиќ. Франција успеа да возврати на реваншот и да слави со 2-0, а со тоа да го однесе натпреварот во продолжение, а подоцна и до пенали. Мајк Мањан беше јунакот и со неколку одбрани на „петлите“ им донесе радост и настап во јуни вио Германија.
Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ спортски го прифати поразот.
„Им честитам на Французите, тие беа посилен противник. Нашите момци дадоа се од себе. Не беше лесно да се вратиш во игра по три дена. Не сакавме да се браниме, но нè принудија. Се боревме со сите сили, дадовме максимум, стигнавме до пенал рулетот, но немавме среќа во тој дел“, изјави Далиќ.
На последното издание на завршниот турнир на Лигата на нации, Хрватска загуби по изведување на пенали од Шпанија.