Далиќ е мајстор: Хрватска е повторно меѓу најдобрите репрезентации во светот

Хрватската фудбалска репрезентација повторно се најде меѓу најдобрите на планетата. „Коцкестите“ на Златко Далиќ имаат максимален ефект во квалификациите за Светското пренство и ја совладаа Чешка со убедливи 5-1, со што се вратија во Топ-10 селекции во ранкингот на ФИФА. 

Ова автоматски значи дека Хрватска стигна до вкупно 1708 бодови, и ја „турна“ Италија на единаесеттата позиција. „Аѕурите“ имаат само пет бода помалку од поранешната југословенска република. 

Хрватска има шанси да оди уште погоре на официјалната листа, но за тоа ќе треба да се надева на лоши резултати на Белгија и Германија. 

ФОТО/PHOTO: HNS/Facebook