• Горан Упале

Лионел Меси вечерва се збогува со ПСЖ. Еден од најдобрите играчи на сите времиња по две сезони си заминува од редовите на францускиот шампион, а тоа денеска и официјално беше потврдено.
„После две сезони во ПСЖ, авантурата на Лео Меси и клубот е при крај. Клубот од срце му посакува на Лео уште многу успеси во кариерата. Пари Сен Жермен е исклучително благодарен на седумкратниот освојувач на Златната топка, освојувачот на Лигата на шампионите и двократниот шампион на Франција што ги носеше црвено-сините бои“, се вели во збогувањето на францускиот шампион.
Сепак, најверните навивачи на овој клуб не се простија на соодветен начин од оваа фудбалска легенда и направија навистина незамислив потег. Тој на збогувањето доби и свирежи од париската публика. Навивачите на ПСЖ повторно покажаа непочитување кон аргентинската ѕвезда, па решија со свирежи да го испратат од „Паркот на принцовите“
Nunca estarán a la altura del más grande. pic.twitter.com/GewBhfZtU4
— Juego Ofensivo (@JuegoOfensivo) June 3, 2023
Тие веруваат дека тој дошол во Париз само за да ги собере парите и дека не се трудел доволно во дресот на нивниот сакан клуб,