Дали вечерва ќе биде вистинскиот крај на Манчестер Јунајтед во ЛШ?

Барса Јунајтед

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед на големо изненадување на фудбалските фанови го преживеа првиот голем тест во елиминационата фаза на Лигата на шампионите. 

По тешкиот пораз од ПСЖ (0-2) пред своите гледачи во осминафиналната рунда, „ѓаволите“ запишаа историски пресврт и со гол во 93. минута за 1-3 се изборија за место меѓу осумте најдобри, но таму налетаа на моќната Барселона. Каталонците речиси идентично како парижани славенички го напуштија „Олд Трафорд“ (0-1) и сега пред нив е полесната задача, односно потврда на финалето пред својата публика. 

Несомнено, Барселона е голем фаворит и на овој дуел, игра фантастичен фудбал во последниот период, а тоа го докажа и на првиот натпревар во Англија. Сепак, не е спортски да се отпише Јунајтед, бидејќи англискиот гигант оваа сезона многупати докажа дека има квалитети да се врати од „мртвите“, а судејќи по најавите на менаџерот Оле Гунер Солскјер уште од првата минута ќе атакува на погодок, што наговестува супер-возбудлив натпревар на „Камп Ноу“. 

Добра вест за „ѓаволите“ е враќањето во составот на „мозокот“ Немања Матиќ, кој по неколку неделна пауза повторно е подготвен за настап. За разлика од него, Бајли, Шо, Херара и Валенсија останаа во Манчестер, додека на спротивната страна од ростерот на Валверде ќе ги нема само Рафиња и Вермален. 

Дуелот меѓу Барселона и Манчестер Јунјатед кој ќе го даде одговорот на прашањето - „Дали ова ќе биде вистинскиот крај на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите?“, закажан е за вечерва од 21:00 часот.