• Иван Димовски
Фудбалерите на Германија уште во втората минута постигнаа гол во дербито од четвртото коло во Лигата на нациите против Холандија, меѓутоа истиот беше поништен.
Свој деби погодок постигна Џејми Левелинг по две минути на дебитантскиот настап, но забавата ја расипа ВАР собата. При првичното додавање асистентот Серж Гнабри беше во недозволена позиција, а иако потоа со топката играше Дензел Дамфрис и потоа Ван де Вен, судиите одредија дека има офсајд.
Спорен е контактот на Дамфрис кој се смета како дополнителен пас, а откако со топката играше и Ван де Вен, неа ја собра Гнабри и асистира до младиот соиграч.