ВИДЕО: Дали судиите неоправдано му поништија СУПЕР-ГОЛ со „ножички“ на Несторовски?

Во натпреварот од шестото коло на италијанската Серија Б, Илија Несторовски со гол во 86. минута од натпреварот против Кротоне, донесе значајни три бода за екипата од Сицилија. 

Но, пред да погоди за голема радост и еуфорија, Несторовски постигна гол со „ножички“, кој судиите го поништија заради офсајд. Има огромна дилема дали прилепчанецот се наоѓаше во недозволена позиција или поништен му е чист погодок.   

Несторовски веќе е во нашата земја и ги подготвува натпреварите од Лигата на нации против Лихтенштајн и Ерменија.