ФОТО: Дали со ова Рамос го откри името на новиот клуб?

Рамос ПСЖ

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, речиси сигурно нема да ја продолжи кариерата во клубот од шпанската престолнина.

Управата не сака да отстапи од политиката за ветераните во екипата и не ги исполнува неговите желби. Тоа значи дека разделбата е неминовна и дека дефанзивецот во новата сезона ќе го гледаме во друг дрес.

Еден потег на социјалните мрежи го откри името на новиот клуб на Шпанецот, шпекулираат светските медиуми. Во само еден ден, Рамос започна да следи неколку фудбалери на ПСЖ и со тоа можеби најави каде планира да ја продолжи кариерата.

Францускиот гигант има интерес да соработува со шпанскиот фудбалер. Повеќе детали се очекуваат во наредниот период, кога ќе се прават финалните подготовки пред летниот трансфер период.