Дали се наѕира крај на сагата, Винициус ја донел конечната одлука!?

Иднината на Винициус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, а шпанските медиуми пренесуваат дека бразилскиот репрезентативец повеќе не е расположен да ги продолжи преговорите за нов договор со Реал Мадрид.

Наводно, разговорите меѓу двете страни западнале во ќор-сокак поради несогласувањата околу финансиските услови. Винициус смета дека понудата на клубот не го одразува неговиот придонес и статус во тимот, поради што донел одлука да ја разгледа можноста кариерата да ја продолжи надвор од „Сантијаго Бернабеу“.

Интерес за неговите услуги одамна постои од Саудиска Арабија, каде неколку клубови се подготвени да му понудат астрономски договор. Во меѓувреме, ситуацијата внимателно ја следат и европски великани, а меѓу нив најчесто се споменува Арсенал, кој и претходно беше поврзуван со Бразилецот.

Во Реал Мадрид, сепак, не се подготвени лесно да се разделат со еден од своите најдобри фудбалери. Но, доколку не се пронајде компромис во преговорите, во клубот би можеле да размислат за продажба уште ова лето, наместо да ризикуваат неговата вредност да се намали со приближувањето на истекот на договорот.

Винициус со години е една од клучните фигури во составот на Реал и одигра важна улога во освојувањето на бројни трофеи, па евентуалното заминување би претставувало голем удар за мадридскиот гигант. Доколку нема неочекуван пресврт, неговата иднина би можела да биде една од најголемите трансферски приказни до затворањето на летниот преоден рок.