Дали Роналдо намерно нагази врз противничкиот играч?

Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо продолжи со лошата серија на натпревари без гол, а вчера против Легија фрустрацијата ја исфлри врз противнички играч. За време на еден дуел во шеснаесетникот на домаќините, Роналдо згазна врз еден фудбалер на домашната екипа, кој лежеше на земја.

Според првичната реакција на фудбалерите на полската екипа, Португалецот намерно го згазнал противничкиот играч. Тие бараа казна кај чешкиот судија, Павел Краловец, но тој само одмавна со рака и остави играта да продолжи.

На крај Роналдо остана без гол, а Реал Мадрид без цел плен, откако прокоца водство од 0-2. Со освоениот бод, „кралевите“ сега заостануваат зад Борусија Дортмунд во борбата за првото место во групата Ф.