Дали Ристовски го одигра последниот натпревар за Спортинг?

Стефан Ристовски

Португалска „А Бола“ пишува дека македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски можеби го одигра последниот натпревар во дресот на Спортинг.

Дисциплинската комисија на нашиот интернационалец му додели два меча суспензија поради црвениот картон против Тондела. Тоа значи дека тој нема да биде дел од тимот во последното коло од домашниот шампионат.

Се шпекулира дека следниот натпревар 27-годишниот десен бек би можел да го одигра за друг клуб.

За него уште од поодамна е заинтересиран Лацио кој сега активно работи на неговиот ангажман. Наводно, екипата од Лисабон е подготвена да се раздели со него и го стави на продажба ова лето.

Ристовски ја започна кариерата во Вардар, а потоа заигра во Парма, за да се прослави во Ријека со која ја освои титулата во хрватското првенство. Во Серија А десниот бек настапуваше за Парма и Кротоне. Во Португалија настапува од 2017 година.