Дали поразот од Сити ќе му пресуди на Почетино во Париз?

Поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите ги запали алармите на „Паркот на принцовите“, па челниците на ПСЖ размислуваат за тренерска смена. 

Според пишувањето на медиумите во Париз, управата токму по поразот од Сити размислува да му врачи отказ на Маурисио Почетино. Пари Сен Жермен ова лето сериозно го засили тимот со Лионел Меси, Џини Вајналдум, Ашраф Хакими, Џанлуиџи Донарума и Серхио Рамос, но и покрај тоа во Лигата на шампионите не игра на потребното ниво. 

Француските медиуми пренесоа дека владее несигурност во работата на Почетино и моќта да ја контролира соблекувалната. Како прво име кое се споменува како негова алтернатива се споменува Зинедин Зидан, со кој наводно веќе е стапено во контакт. 

Дури и да се решат да му врачат отказ веќе по вчерашниот пораз, Почетино со сигурност ќе има опција каде да продолжи бидејќи за него се интересира Манчестер Јунајтед.