• Саше Љолес
Баерн Минхен го очекува гостување во Норвешка против Викинг во второто коло од Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието е голманската позиција. По грешките на Мануел Нојер во ремито со Аугзбург, навивачите бараат тренерот Винсент Компани да му даде шанса на младиот Јонас Урбиг.
Нојер имаше лош настап на викенд-натпреварот, кога со голема грешка му овозможи на Аугзбург рано да поведе, а не се прослави ниту при вториот погодок на противникот. Тоа предизвика незадоволство кај навивачите, кои сметаат дека е време Урбиг повторно да застане меѓу стативите.
Сепак, конечната одлука сè уште не е донесена, а дополнителен проблем за Баерн е здравствената состојба на искусниот голман. Компани откри дека Нојер го пропуштил последниот тренинг поради непријатност во стапалото.
„Мануел денеска не тренираше бидејќи почувствува непријатност во стапалото. Не знам кој ќе брани утре“, изјави тренерот на Баерн.
Останува неизвесно дали Нојер ќе биде подготвен за дуелот во Норвешка или Компани ќе му укаже доверба на Урбиг. Натпреварот против Викинг доаѓа во момент кога баварскиот гигант бара начин да ја подобри играта и да избегне ново разочарување по ремито во домашното првенство.









