ФОТО: Дали клучната одбрана на Адриан беше нерегуларна?

Линекер

Премногу реакции донесе европскиот Суперкуп во Истанбул на кој Ливерпул по пенал-рулетот го доби дуелот со Челзи.

Херој на „црвените“ беше резервниот голман Адриан кој успеа да го спречи ударот на Абрахам.

Многумина по мечот се запрашаа дали неговата интервенција беше регуларна. 32-годишникот со двете нозе беше пред гол-линијата и со тоа го прекрши правилото, но судијата не досуди ништо и остави славјето на Јирген Клоп и фудбалерите да продолжи.

Француската судијка Стефани Фрапар и ВАР-собата беа осудени од страна на фановите на екипата од Лондон, кои сметаат дека последниот пенал требаше да се повтори.