• Горан Упале

Ако минатата сезона Наполи газеше сè пред себе во Италија, оваа сезона шампионот отвори под очекувањата и веднаш се поставува прашањето дали Руди Гарсија беше вистинското решение на челните лица на клубот за заменик на Лучијано Спалети.
По пет одиграни кола наполитанците веќе заостануваат седум бода во однос на лидерот Интер, а веќе се во низа од три натпревари без победа. На вечерашното соочување во Болоња, шампионот одново ги разочара своите фанови и освои само бод (0-0).
Наполи беше тој кој што имаше иницијатива и заслужи да ги однесе трите бода, но целосно потфрли во реализацијата. Најголемата прилика за гол ја пропушти Осимен во 72. минута кога не реализира удар од единаесет метри. Нашиот „дијамант“, Ељиф Елмас, кој денес го слави својот 24-ти роденден, натпреварот го започна од клупата за резерви и шанса за докажување доби во 76. минута.
- Извештај од натпреварот:
Во следното коло Наполи излез од кризата ќе брка на свој терен против Удинезе, додека Болоња ќе се судри со Монца.