Дали Франција беше оштетена? Гризман бесен: Ако УЕФА сака од нас да играме, ние сакаме технологија!

Репрезентацијата на Франција во последното квалификациско коло го забележа првиот натпревар во кој не победи. На гостувањето во Грција „триколорите“ одиграа нерешени 2-2, меѓутоа изгледа како да беа оштетени. Иако веќе беа пласирани на Европското првенство и мечот немаше резултатско значење, сепак го уништи перфектниот учинок на Французите. 

Тие поведоа во првиот дел преку Коло Муани, меѓутоа дозволија два брзи гола на Грците преку Бакасетас и Јоанидис. Егал донесе Јусуф Фофана во 74.  минута, а тогаш тргна опсадата пред домашниот гол. Спорниот момент се случи во 90. минута од средбата, Кингсли Коман проби по десната страна и уфрли, а топката се одби од Хозе Зека. Потоа топката доби чудно движење и ефе, па сврте зад грбот на голманот, тапна зад линијата и излезе. 

На снимките јасно се гледа дека топката тапна зад гол-линијата, ама се поставува прашање дали таа мина со цел обем. Тоа за жал не можеше да се провери бидејќи немаше технологија на гол-линија. Сериозни критики кон УЕФА испрати Антоан Гризман, кој кажа:

„Недостигаше технологијата на гол-линија. УЕФА е богата, а не е во состојба да осигура сè што е потребно за ние да знаеме дали е гол или не. Мора да бараме повеќе. Ако УЕФА сака ние да играме многу натпревари, тогаш ние мора да бараме повеќе технологија“.

За среќа на Французите оваа ситуација не влијаеше на конечниот пласман во циклусот и веројатно бргу ќе биде архивирана.

Состави

Ivan Jovanovic

3-5-2

    Дидие Дешамп

    4-2-3-1