• Горан Упале
Арсенал освои еден бод на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед и сега е „илјадници милји“ далеку од титулата. Тоа го покажува и реакцијата на Микел Артета на крајот од натпреварот.
„Топџиите“ веќе извесно време мака мачат со големиот број повредени играчи, но и со слабите перформанси. Тоа ги чинеше многу, а се почувствува и против десеткуваниот Манчестер Јунајтед.
Со ремито против „црвените ѓаволи“ Арсенал сега заостанува 15 бода зад Ливерпул, а тимот од „Емирати“ е главниот ривал на „црвените“ за титулата оваа сезона. Тоа би значело дека сезоната е практично завршена.
Тоа го поткрепува и реакцијата на Микел Артета по натпреварот. На новинарско прашање за разликата помеѓу Ливерпул и Арсенал, Артета не сакаше да одговори и побегна со краток коментар:
„Благодарам“.
Arteta has lost itpic.twitter.com/Cv5tAL7lR6
— Troll Football (@TrollFootball) March 9, 2025
Многу е јасно дека Артета не е задоволен од ремито на „Олд Трафорд“. Арсенал лесно можеше да загуби од Јунајтед, но и сега неговите шанси за освојување на титулата се многу, многу мали. Математички е можно, но реално, многу тешко.