Дали е ова рекорд? Челзи се ослободи од 40 ИГРАЧИ ова лето!

Екипата на Челзи има рекорден број на првотимци, но ова лето тимот е и рекордер по бројот на играчи од кои се ослободи.

Бројката на играчи кои си заминаа од „сините“ во целост или се некаде на позајмица во моментов е 40 имиња. Во продолжение, погледнете ги имињата кои си заминаа од „Стемфорд Бриџ“ и од екипата предводена од италијанскиот стратег Енцо Мареска.

Тиаго Силва, Иан Маатсен, Конор Галагер, Дион Ранкин, Чарли Вебстер, Џејми Каминг, Мајкл Голдинг, Омари Хачинсон, Луис Хол, Хаким Зијеч, Маланг Сар, Диего Мореира, Мејсон Барстоу, Чинонсо Чибуезе, Тино Анјорин, Ромелу Лукаку, Били Џи, Џош Брукинг, Ноа Хеј, Теди Шарман-Лоу, Тед Кард, Дилан Вилијамс, Алфи Гилкрист, Кејлеб Вајли, Лук Кембел, Андреј Сантос, Гага Слонина, Арон Анселмино, Еди Бич, Лесли Угочукву, Баширо Хамп , Кепа Аризабалага, Ѓорѓе Петровиќ, Рони Штутер, Тревох Чалоба, Рахим Стерлинг, Армандо Броја и Анџело Габриел.

Бројката до крајот на преодниот рок во останатите земји сигурно ќе порасне. Челзи работи на трансфер на Давид Фофана во АЕК Атина, а исто така во игра се уште неколку имиња да заминат на позајмица или да направат целосен трансфер.