Дали е ова првата грешка на ЕП: Макели не досуди пенал по игра со рака од Челик! (ВИДЕО)

Италија беше доминантна, притискаше и правеше шанси, но гранитната одбрана на Турција одлично одговори на предизвикот. Иако имаа неколку шанси, во првиот дел „азурите“ не успеаја да поведат, а во финишот очекуваа дека ќе добијат и пенал. 

Имено, Спинацола проби од лево, нафрли кон пеналтикот и топката го погоди Зеки Челик директно во раката која беше надвор од својата природна позиција. Сепак, по проверка во ВАР собата, судијата Дени Макели не се реши да покаже на белата точка. 

  • Спорниот момент на натпреварот Турција - Италија: 

Оваа одлука може да се оправда само со фактот дека топката го погоди Челик во раката, но таа одеше кон шеснаесетникот во опасна акција и беше далеку од природното место, па јасно е зошто Италијанците протестираа.