Дали е можно Нејмар да се врати во Европа и да игра за ривалот на ПСЖ?

Француските медиуми објавија сензационална информација дека управата на Олимпик Марсеј стапила во контакт со агентите на Бразилецот Нејмар, со надеж дека напаѓачот би можел да се приклучи на нивниот тим!

Иако Нејмар веќе неколку години се мачи со повредите и никако не може да ја врати својата најдобра форма, сепак, францускиот клуб не би имал ништо против да го има во своите редови, без оглед на тоа што Бразилецот го носеше дресот на големиот ривал, ПСЖ

Според неколку извори, идејата за враќање во Европа не била веднаш отфрлена од Нејмар, кој би можел да се врати на стариот континент и да одигра уште барем две или три сезони. 

33-годишната бразилска ѕвезда во моментов настапува за Сантос, а претходно беше дел од Барселона, ПСЖ и Ал-Хилал. Важи за еден од најдобрите бразилски играчи на сите времиња, а за својата репрезентација одигра 128 натпревари и постигна 79 голови. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.