ВИДЕО: Дали е Барса оштетена? Еспино го шутна Рафиња, но пенал – немаше

Барселона ремизира со Рајо Ваљекано во шпанската Примера (1-1), што беше петти меѓусебен меч на кој тимот од предградието на Мадрид остана непоразен против гигантот.

Каталонците сепак се лути за арбитражата. Тие го замерија голот кој го постигна Рајо поради наводен офсајд, како и една ситуација во која Алфонсо Еспино евидентно го удри Рафиња. Судиите во двата наврати проценија во корист на Рајо, па тоа го разбуди гневот на навивачите.

  • Погледнете го ударот од Еспино врз Рафиња од два агли:

За оваа ситуација по натпреварот се осврна и тренерот Чави, ама тој беше критичен и за своите играчи кои не одиграа на нивото.

„Ми велат да не барам изговори, ама фаулот над Рафиња е чист пенал. Ни се случи и против Гранада и Хетафе. Загубивме бидејќи не бевме добри во првиот дел и нема изговор, но не добивме чист пенал“, прокоментира Чави.

Барселона е во обид да ја одбрани титулата во Примера, ама заостанува зад водечките на табелата.

Состави

Иниго Перез

4-4-2

    Ханси Флик

    4-3-3