ВИДЕО: Дали беше сè регуларно при голот на Осимен против Барса?

Шпанскиот фудбалски шампион, Барселона, пропушти можност со победа да го напушти Неапол, откако во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите не го сочува водството против Наполи и одигра 1-1.

Стрелец за наполитанците беше Виктор Осимен, но токму овој погодок крена многу прашина кај шпанската јавност, бидејќи многумина сметаат дека е нерегуларен. Имено, при борбата за топка, нигерискиот напаѓач ги истурка директниот чувар Иниго Мартинез, а потоа ја погоди целта. Според главниот судија и неговите помошници од ВАР собата, во случајот сè било регуларно и голот на Наполи беше признат. Но, се појави една снимка на која се гледа дека Осимен ги користел рацете за да се ослободи од Мартинез, што секако не е дозволено.

Alternate angle of Inigo's "slip" leading to the goal
byu/AnOrdinaryBozo inBarca

Реваншот е на 12 март во Барселона, каде избраниците на Чави сигурно ќе ја понесат улогата на фаворит.

Состави

Антонио Конте

4-3-3

    Ханси Флик

    4-3-3