Го пронајдоа ли Англичаните лекот за Алиоски? Македонецот исчезна на последните два меча за Лидс

Езџан Алиоски во Лидс Јунајтед

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски имаше недела за заборав во дресот на Лидс Јунајтед, кој запиша два последователни порази во Чемпионшип дивизијата.

Очигледно е дека нападот на функционира, а вината многумина ја гледаат во слабата игра на нашиот фудбалер. Екипата загуби против Кардиф (3-1) и против Шефилд Венздеј (3-0), а за време на натпреварите никаде го немаше Алиоски.

25-годишниот македонски фудбалер одигра 60 минути на последниот меч за екипата и имаше само седум додавања, што е разочарувачки податок за него. Исто така, упати само два шута кон противничкиот голман, но и двата завршија надвор од рамката на голот.

Се поставува прашањето дали англиските одбрани го пронајдоа лекот за брзоногиот Алиоски? И не само за него, тактиката на Шефилд го сопре и неговиот соиграч, Кемар Руф.

Следува репрезентативна пауза, која ќе биде добредојдена за фудбалерот на Лидс, кој ќе се обиде да ја врати формата на квалификациските натпревари на Македонија против Италија и Лихтенштајн.