Дали 15 милиони се доволни за Палермо да го продаде Несторовски во Торино?

Илија Несторовски понуда

Вчерашните пишувања на „Тутоспорт“ информираа дека екипата на Торино сериозно размислува за купување на најдобриот стрелец во Серија Б, Илија Несторовски.

Македонскиот напаѓач неодамна го продолжи договорот со тимот од Сицилија до 30 јуни 2021 година, но очигледно е дека челниците на „биковите“ испратиле понуда, која тешко се одбива. Денес низ италијанските медиуми се споменува сума од 15 милиони евра, која ќе го пресели Несто-гол во нападот на Торино, како евентуална замена за првото име, Андреа Белоти.

Маурицио Зампарини, претседателот на Палермо, изјави дека ќе го ослободи Несторовски само ако пристигне примамлива понуда, која ќе му помогне на клубот.

Па, затоа се поставува прашањето: дали 15 милиони ќе бидат доволни за македонскиот репрезентативец да се пресели во Серија А уште во јануари?