ВИДЕО: Дадоа гол, па прославија како никој друг во „корона-ерата“

Поранешната екипа на репрезентативецот Стефан Спировски, Хапоел Тел Авив славеше на гостувањето кај Макаби Хаифа со 1-2, во натпревар од плеј-оф делот на израелското првенство. 

Водство на гостите им донесе Моти Баршазки уште во 14. минута, а со соиграчите имаа интересен начин за прослава на голот. Бидејќи нема фанови на трибините, еден од фудбалерите ја прескокна оградата и седна во првиот ред, па стрелецот и уште еден играч го поздравија како да е навивач дојден да го гледа натпреварот. 

  • Оригиналната прослава на голот од играчите на Хапоел: 

До крајот на средбата Хапоел дојде и до предност од 0-2, а иако домаќинот брзо намали немаше сили да се врати и го загуби дуелот.