Даде гол за победа на Алжир, па неговиот катарски клуб му даде отказ

Репрезентативецот на Алжир, Јусеф Белаили беше човек на одлука во драмата во полуфиналето на ФИФА Арапскиот куп, погодувајќи во 107. минута против Катар за 1-2. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Невидена драма во Катар, Алжир победи со гол во 17. минута од судиското продолжение!

Судијата Марчиниак додаде девет минути на дуелот, Катар успеа да израмни во нив, а потоа следеше ново продолжување. Токму во него Алжир доби пенал по кој од вториот обид дојде до погодок на Белаили. 

Интересно, овој погодок на Белаили му донесе отказ. Само неколку часа по победата над Катар, крилниот фудбалер заработи отказ од неговиот клуб Катар СЦ. Иако не е објавено дали прекинот на договорот со Белаили е поради погодокот против репрезентацијата на Катар, одлуката веднаш предизвика бурни реакции.