ВИДЕО: Даци пак го спаси Вестерло, погоди во 93. минута за победа над Ломел

Со супер-гол во судиското надополнување, македонскиот интернационалец Ердон Даци му донесе победа на својот тим во белгиската втора лига. Вестерло славеше против Ломел со гол на Даци во 93. минута.

По многу пропуштени шанси, лидерот во втората белгиска лига во заден час стигна до победата, благодарение на Даци. Ова е шести гол сезонава за младиот македонски фудбалер, кој изби на второто место на листата на листата на стрелците.

  • Извештај од натпреварот: 

Со оглед на тоа што Вестерло има дури десет бода повеќе од најблискиот пратител, Беверен, пласманот во елитната категорија не би требало да биде доведен во прашање.