Даблин на чекор од откажување на домаќинството, Манчестер нова опција?

Даблин

УЕФА им порача на сите градови да обезбедат услови за присуство на навивачи при организацијата на натпреварите од Европското првенство.

Еден домаќин се соочува со мали проблеми, па европската куќа на фудбалот ја одложи конечната одлука за организацијата на 20 април. Се работи за Даблин, кој засега не добил позитивен одговор од ирската фудбалска федерација.

Во Ирска е предвидено да патуваат учесниците во групата Е. Исто така таму треба да се одигра еден натпревар од осминафиналната фаза.

Ако му се верува на зборовите на Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, Даблин нема да биде меѓу градовите кои ќе организираат фудбалски натпревари ова лето.

Резервна опција во ваков случај е Англија, која покрај Лондон би можела да биде домаќин и во Манчестер.