Да подзавидат Нејмар и Меси: Им продаде „тунели“ на ЧЕТВОРИЦА фудбалери – по ред! (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу екипите на Хапоел Бер Шева и Макаби Нетања, Фатос Беќирај успеа да направи нешто што тешко се изведува на тренинг, а не па на официјален фудбалски меч.

Дербито во Израел заврши без победник (1-1), па така, мечот го одбележа атракција. Беќирај, кој е фудбалер на Макаби Нетања, насамари четворица фудбалери, откако им продаде „тунели“, верувале или не - на четворицата по ред!

Фудбалската јавност остана во шок од потезите на Беќирај, а како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение: