„Да не јадеше толку многу бургери ќе станеше еден од најдобрите фудбалери во историјата“

Пристигна како големо засилување и замена за Пол Сколс, но бразилскиот ас Андерсон не ги оправда очекувањата од фановите и раководството на Манчестер Јунајтед. За сума од 50 милиони евра во 2007 година од Порто се пресели на „Олд Трафорд“ и веднаш доби вистинска шанса за докажување од Сер Алекс Фергусон, но неговиот раскошен талент не успеа да го покаже на терен и од сезона во сезона бележеше сè послаби игри и по заминувањето на легендарниот стратег веднаш беше продаден во Интернасионал.

Токму во периодот кога се пресели во Манчестер ги запиша и првите минути за Бразил, а неговите сонародници и тогашни соиграчи Рафаел и Фабио Силва, откриваат кој е „виновникот“ за падот на кариерата на офанзивниот играч за врска.

„Андерсон беше голем талент и многу ја познаваше фудбалската игра, но неговиот непрофесионализан и неспортски живот не дозволија да стане најдобар фудбалер на светот. Поточно, тој беше „зависен“ од бургери. Едноставно не можеше да се контролира. Кога ќе видеше „Мекдоналдс“ хистерично се радуваше. Да не јадеше толку биргери, сигурно ќе станеше еден од најдобрите фудбалери во историјата“, велат бразилските близнаци.

Андерсон по заминувањето од Манчестер Јунајтед имаше уште неколку неуспешни авантури во Бразил и Турција и на 32. години се реши да замине во пензија. Негов најголем успех во кариерата е признанието „Голден Бој“ за најдобар млад играч, а со Манчестер во 2008 година триумфираше во Лигата на шампионите.