Да ја водиш Шпанија не е лесно: Имаш (пре)моќен тим, а и резервите се „топ“

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, сигурно има слатки маки да го состави тимот на кој смета за наредните предизвици, затоа што „фуријата“ има супер-квалитетни фудбалери кои може да формираат два моќни тима.

На списокот од 23 фудбалери објавен за стартот на квалификациите за ЕП 2020 и дуелите со Норвешка и Малта. Меѓу повиканите нема место за Саул, Коке, Тиаго Алкантара, а шанса ќе добие 30-годишен фудбалер.

Се работи за Жаим Мата од Хетафе, кој доби повик во националниот тим. Во тимот на „фуријата“ ќе има многу млади имиња, кои важат за голем потенцијал на шпанскиот фудбал.

Список на Шпанија: 

ГОЛМАНИ: Давид Де Хеа, Кепа, Пау Лопез

ОДБРАНА: Хозе Луис Гаја, Жорди Алба, Хуан Бернат, Марио Хермосо, Ињиго Мартинез, Серхио Рамос, Серхи Гомез, Серхи Роберто

СРЕДЕН РЕД: Хесус Навас, Серхио Бускетс, Родри, Дани Себаљос, Фабиан, Парехо, Каналес

НАПАД: Асенсио, Родриго, Мората, Муниаин, Хаиме Мата

Шпанскиот весник „Марка“ направи список на фудбалери на кои не смета Луис Енрике, а изгледаат моќно на хартија...

Европско првенство, Квалификации, Група F
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШпанијаШпанија 2 2 0 0 4:1 3 6
2 ШведскаШведска 1 2 1 1 0 5:4 1 4
3 РоманијаРоманија 1 2 1 0 1 5:3 2 3
4 МалтаМалта 3 2 1 0 1 2:3 -1 3
5 НорвешкаНорвешка 1 2 0 1 1 4:5 -1 1
6 Фарски ОстровиФарски Острови 2 2 0 0 2 2:6 -4 0