„Да го имав сегашниот буџет на ПСЖ, ќе освоев пет титули во ЛШ“

Поранешниот тренер на ПСЖ, Вахид Халилхоџиќ, даде интересна изјава поврзана со ситуацијата во таборот на „светците“ и рече дека со овој буџет екипата мора да ги освојува најважните европски трофеи. 

„Кога јас бев во клубот, управата имаше сериозна финансиска криза. Тогаш директорот бараше рекстрикции во трошењето и домаќинско работење. Клубот не можеше да го задржи Роналдињо токму поради овие причини. 

Со сегашниот буџет на ПСЖ мислам дека би освоил пет титули во Лигата на шампионите. Управата троши огромни средства, не можам да сфатам како досега не го освоија ова натпреварување барем еднаш“, изјави Халилхоџиќ. 

Популарниот „Ваха“ ги предводеше „светците“ во периодот меѓу 2003 и 2005 година, а работеше и во многу други клубови и национални селекции.