• Сашо Поповски

Црвена Звезда скапо го плати ремито на домашен терен и остана без плеј-оф во квалификациите за Лигата на шампионите. Фудбалерите на Дејан Станковиќ денес запишаа минимален пораз на гостувањето кај Шериф (1-0).
Првиот дел донесе неколку шанси на двете страни. Резултатот беше отворен дури во надополнувањето, кога перфектен слободен удар изведе Франк Кастанеда, а реализацијата му припадна на Данило Арболеда.
- Извештај од натпреварот:
Гостите од Србија притиснаа во второто полувреме. Тоа беше очекувано, но обидите на Николиќ и Иваниќ не беа доволно прецизни за израмнување на резултатот. Шериф успеа да издржи до крај и да го добие двомечот со „црвено-белите“.
Минимален триумф запиша и Славија Прага, но не успеа да ја анулира негативата од два гола на првото соочување со Ференцварош (1-0). Масопуст во првиот дел обезбеди победа, а во завршницата гостите одиграа и со човек помалку, но ги одбија сите налети на ривалот и се пласираа во плеј-офот.