Цветковски продолжува да реди успеси, со Хакен го освои и шампионатот на Шведска

Младиот македонски фудбалски стратег, Христијан Цветковски, продолжува да бележи успеси со своите пулени од Хакен.

Откако лани го освои Купот на Шведска, оваа сезона со истата генерација на надежни фудбалери, кои сега наполнија 17 години го направи најголемиот успех во историјата на тимот и стана првак на Алсвенскан лигата (шампионат кој го играат најдобрите екипи од јужна Шведска). 

Со овој успех, покрај титулата Хакен У17 си обезбеди и учество во плеј-оф серијата, која ја сочинуваат седум најдобри екипи од јужна и седум од северна Шведска. 

„Создадовме силен колектив со јасен играчки модел. Долго време сум со овие момци и веќе создадовме добра основа за во иднина. Нашата главна цел не се победите, туку од овие деца да изградиме идни првотимци на нашиот клуб“, рече Цветковски. 

Дефинитивно, новиот успех на македонскиот стратег е за поздрав, а покрај титулите, Цветковски „извезува“ и фудбалери во Интер, Валенсија...