• Саше Љолес
Македонскиот фудбалер Матеј Цветановски го постигна првиот првенствен подогок во дресот на босанскиот Железничар, кој славеше со 3-2 (0-2) во дербито против Борац од Бања Лука.
- Извештај од натпреварот:
Популарниот „Жељо“ имаше двојна негатива по првите 45 минути, но успеа да стигне до трите бода со чудесен пресврт. Нашиот Цветановски доби шанса на стартот од вториот дел и беше една од клучните алки во тимот.
Шошиќ намали на 1-2 во 73. минута, а потоа Цветановски стрелаше девет минути подоцна и донесе огромна радост на трибините. Круната на играта во вториот дел ја постави Хамза Јагањац со погодокот во 89. минута.
За Железничар ова е четврта победа и сега стана лидер на табелата со 15 бодови, додека Борац е второпласиран со два бода помалку.
ФОТО/PHOTO: FK Zeljeznicar/Facebook



